(ФОТО) Јордан Митев замина и се огласи од аеродромот во далечната земја

Кога Јордан Митев, еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува, тогаш забавата е неизбежна.

За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Митев важи за човек кој си ја сака својата држава, Македонија, нешто што досега многупати го има покажано и докажано.

Познатиот македонски фолк-пејач Јордан Митев со секое свое појавување на настап покажува и докажува дека заслужено си ја носи титулата на најбаран и најдобар пејач.

Покрај настапите во земјава, многу често е гостин и кај Македонците во дијаспората, а овојпат пак се качи на авион и замина ни помалку ни повеќе туку во Катар.

Имено, Митев сподели фотографија од аеродромот во главниот град на Катар, Доха, пред претстојната турнеја во далечната Австралија.