Фуркан Салиу им се обрати на оние што се жалат поради блокадите и упари силна порака

Приватните превозници денеска го исполнија ветувањето и ги блокираат крстосниците кај ТЦ Мавровка, кај зградата на Црвениот крст, и булеварот „Илинденска“, со цел да го свртат вниманието кон нив и решавање на проблемот кој што ги имаат со Градот Скопје и ЈСП.

Уште од 6 часот изутрина, приватниците ги паркираа автобусите на трите сообраќајни точки во градот и најавија дека нема да ги тргнат се додека не им биде исплатен барем дел од долгот што го има Јавното сообраќајно претрпријатие кон нив.

Новинарот Фуркан Салиу се огласи на својот фејсбук профил токму поради овие причини и напиша:

Градот бил блокиран? Сe жалите? Луѓе, меѓу тие што протестираат има шофери што хранат семејства а градот им должи по 10,15000 евра.

Веќе се во долгови до гуша по бензински затоа што возеле иако не земале пари само за да не дојде дo ваква ситуација.

Во ваква кр иза на човек да не му се исплати тоа што му следува во најмала рака е нехумано. Приватните превозници треба да ги платат долговите на ЈСП?