Фуркан Салиу распали по ЕВН: Денес ми ја исклучија струјата иако сметката е платена

Новинарот Фуркан Салиу се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:

-Ова е луда држава. Џабе 100 инситуции, тие се создадени само за партиите да имаат директор повеќе. Џабе агенции за кориснички права, џабе обвинителство, џабе судии, џабе е се! Сите се во служба на моќници, моќни компани и богати луѓе.

#ЕВН е синоним за комапнија која што е недопирлива. На компанија која што плаќа за да прави што сака во една одредена територија наречена држава.

Прво ме задолжија за два месеци преку 50 000 денари затоа што се прекинала врската на НИВНИОТ струјомер (кој што е на улица, на јавен простор) со НИВНИОТ сервер па мораа на крај ма годината да соберат се што сум должел пради сметките кои ОНИ паушално ги праќале. И нормално пап во 4 блок.

Денеска сум исклучен поради сметка која што е ПЛАТЕНА! На сајтот на ЕВН сметката стои како неплатена а на мојот мејл имам потврда дека е платена. И повторно, поради тоа што сајтот на ЕВН не ја процесирал уплатата јас ќе морам да платам за приклучок.

Јас ова ќе го решам, фала му на Господ можда да го издржам затоа што 4 членови од моето семејство работат, но како се справуваат семејства без примања?