Халима од Скопје: Кога би нашла лек за состојба на ќерка ми и да умрам нема да ми биде жал, помогнети ми да соберам пари и да ја однесам во болница

Најголемата желба на секој родител е здраво и среќно поколение. Од пет деца за жал, Халима има една голема болка со која легнува и се буди- болеста на една од нејзините ќерки. Таа од мала имала напади од епилепсија при кои родителите не знаеле дали е живо или мртво. А, подоцна станува хиперактивно, агресивно и честа бега од дома, а потоа не знае да се врати назад.

Хумана група на граѓани од жал за состојбата на ова семејство пред две години им градат куќа зашто сите живееле во една соба. Поради специфичната ситуација на детето Халима не смее да се вработи. Живеат од несигурната работа на сопругот кој носи приход колку да се прехранат половина од месецот. Најтешка и е помислата за иднината. Што ќе биде со нејзината болна ќерка откако нив ќе ги нема. Затоа, освен што посакува да им обезбеди убав живот на своите деца и да имаат се што ќе посакаат, таа има една најголема желба да пронајде средства за да може да ја открие дијагнозата на болното девојче за да може да и се смират нападите и таа да биде како другите деца.

Халима потекнува од Средно Којнаре, мажена во Цветово, а моментално живее во Драчево во куќа направена од група хумани луѓе, кои нажалени од состојбата на ова семејство со болно дете, одлучиле барем малку да им го олесната животот преку комодитет и поуави услови за живот.

За жал, кога би можеле да бираат сигурно од сите материјални удобства на овој свет би одбрале здравје за себе и поколението, но Бог очигледно имал друг план, па од петте деца едно девојче е болно, а за несреќа и не знаат како да се борат против болеста бидејќи живеат со несигурен приход кој сопругот на Халима го носи доколку го викнат на работа.

-Сите соништа од дете ми згаснаа со раѓањето на болното девојче. Не бевме многу богати кај родителите, ама имав мирен и среќен живот. Се омажив во Цветово, па дојдовме да живееме кај свекорот и свекрвата во Драчево. Во една соба живеевме јас сопругот и петте деца. Тешки ни беа условите и пред две години народот се смилува и ни направи куќа во која сег ни е барем животот полесен. Не успеав да заминам во странство со болното дете зашто два пати ме враќаа од граница.

А, тука ме тераа да ја оставам на психијатрија за да ја лечат. Не ми даваше душата да го оставам детето кое сум го родила само. А, секој ден ни е хорор. Таа е нервоза, бега, ги тепа другите деца, плаче, крши се пред неа. Најтешко е кога ќе излезе некаде без да видиме и не знаеме со саати каде е. Може некој да ја згази со автомобил, да ја повреди…. Тие саати душа немам во мене. Кога би нашла лек за нејзината состојба и да умрам нема да ми биде жал-вели оваа сирота жена за тешкиот живот со нејзиното болно дете.

Сиот живот на оваа сирота мајка од станување до легнување е поврзан со помислата за да му помогне на своето дете. За неа вели и со голи раце би копала само да и го донесе тоа што го бара за јадење. Два пати сакала да ја однесе на испитување и лекување во странство, но, безуспешно.

Затоа, сонот и е да ја однесе макар на иситување во приватна клиника за да точно ја одредат дијагнозата и да и дадат насоки за понатамошно леување, зашто вака има чести напади, бега од дома и стравуваат дека некој може да ја повреди.

-Сопругот работи приватно само кога ќе го викнат. Има денови и кога нема работа и приход. Тешко се прехрануваме. Но, и со голи раце ќе копам храна ќе обезбедам, посебно кога болното девојче ми бара нешто. Многу сака гулаш. Бара чоколади. И, да немам ќе позајмам ама не сакам да се нервира. Затоа, благодарам на сите кои досега ми помогнаа да создадам дом. Но, ве молам помогнете ми да соберам средства да ја однесам во болница на лекување, зашто нема кој да ја чува после нашата смрт-завршува Халима за Срцен на дланка.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на следниот број 075770347 или на нивната трансакциска сметка 200002619742527