Цена од 2.200 евра за квадратен метар за нов стан во Скопје – познато во која насока ќе одат цените

Цените на недвижнините, особено становите постојано скока, а особено тоа е изразен во Скопје.

На крајот на првиот месец од 2024 од Асоцијацијата на агенции за недвижен имот велат дека цените на становите годинава нема да паднат.

Очекуваат стабилизација на подолг рок но не и надолна корекција.

Најатрактивни се населбите кои гравитираат околу центарот на Скопје каде што цената лани достигна до 2.200 евра за квадратен метар.

Новите станови што ќе се градат со квалитетни материјали може да бидат и поскапи, прогнозираат агентите за недвижности.