Цеца Ражнатовиќ ја откажа прославата на својот јубилејеен 50-ти роденден: Ова е причината

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја откажа гламурозната прослава на својот 50-ти роденден.

Како што пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, веќе се знаат и причините за овој нејзин потег.

Имено, таа одлучила поради трагедијата која неодамна ги задеси, кога Анастасија Ражнатовиќ го изгубила бебето во петтиот месец од бременоста, роденденот да го прослави со семејството.

Се ќе биде организирано во нивната вила во Љутица Бодана на Дедиње, пишува „Блиц“.

Да потсетиме, Ражнатовиќ и Родиќ пред неколку дена го прославија и роденденот на малиот Жељко во кругот на семејството во Тител, каде што живеат Вељко и Богдана.