Јордан Митев: Ако Господ те створил чавка, чавка ќе останеш, џабе ти е

Јордан Митев без сомнение е еден од најпознатите и најдобри македонски пејач на фолк музика настапува кој е родум е од радовишко, потекнува и живее во Подареш.

Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Несомнено е дека Јордан Митев е еден избор при развеселувањето на македонските свадби, крштевки, родендени и други свечености. Со него забавата секогаш е загарантирана.

Тој е еден од ретките македонски фолк-пејачи кој исклучиво ја негува македонската песна и низ земјава, а и во дијаспората со секој свој настап ја афирмира неговата приврзаност кон фолк-музиката и традицијата.

Јордан Митев е често активен на социјалните мрежи кога има потреба да си го искаже своето мислење во врска со некоја тема, а во последно време се почести му се и видео обраќањата.

Веќе неколку дена споделува дека работи на неколку проекти и спрема нови хитови за неговите фанови, а овојпат нешто се изнервира на Фејсбук па напиша:

Колку и да се ќитиш со туѓи перја, џабе ти е. И да копираш, и да крадеш, и да врбуваш…ако не те бива не те бива.Ако Господ те створил чавка, чавка ќе останеш, не можеш да бидеш паун.