Јордан Митев се откажа од настап за Денот на независноста: Се чувствувам изманипулиран

Познатиот македонски фолк пејач Јордан Митев неретко е познат по своите ставови и идеи со кои си ја поддржува татковината без да заземе политичка страна. Така, денеска објави:

Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест.

Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.

За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда ( четврток, 07ми септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8ми Септември во Пеленица -Скопје.

Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано.

Бидејќи се чувстувам намерно или ненамрено изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8ми Септември во Пеленица.

Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија.