Џамбазов: Без тебе не сум жив

Игор Џамбазов со години важи за еден од најпознатите Македонци на јавната сцена, човек со многу професии.

Џамбазов знае да привлече често внимание, а она што го кажува со внимание го слушаат.

Овојпат на својот фејсбук профил напиша стату во кој вели:

-Дојране мој златен.Да можам да те скријам во своите пазуви секогаш кога те напуштам, па да ми мириса на тебе душата, како парфем што вечно трае.

Да можам да го намачкам лицето со зраците од твојот изгрев, па да ме сториш црвен во образите и млад во умот. Да можам да вдишам барем дел од твоите ветришта и со нив да ги растерам сите зла што не надвиснале. Дојране мој. Без тебе не сум жив.