Џамбазов: Кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот

Игор Џамбазов се огласи на своите социјални мрежи каде сподели објава во која што се вели:

Од денес Ферхунде Граникова започна нов живот. Далеку од опасните дојрански улици, по кои камионите шибаат стотка на саат. Далеку од лошото друштво во Сретеново со кое за жал се дружеше, со бурен ноќен живот и лаење по ѕвездите до пет сабајле.

Утрово со несебична помош на @marjanarizzanov и набљудувачот @gjurochukov , ја сместивме во патничко возило и ја однесовме во нејзиниот привремен дом, во Гевгелија, во @vethouse.vet.ambulance , кај тета Александра и чичо Коко.

Тие ќе ја исчистат од паразити во мешето, крлежи по крзното, па бањање, па малку козметика, па шетање, па лапачка, па на крајот мирен сон.

А кога Ферхунде конечно ќе дипломира, се враќа во родниот крај каде што ќе живееме среќно до крајот на мојот живот.