Марија Груевска се пресели во Германија, но се пишмани: Искрено се мислам да се вратам, Балканот е најдобар
Последните неколку месеци за поранешната учесничка на „Ѕвезда Гранда“ Марија Груевска беа многу посебни, но и малку турб улентни.
Освен што му вети вечна љубов на својот избраник Синиша, пејачката направи и голем чекор во животот.На општо изненадување Марија дефинитивно ја напушти Македонија и се отсели неколку илјади километри од родното место.
– Се преселив во Германија, но да бидам искренa не ми се допаѓа. Во последно време размислувам да се вратам назад, бидејќи Балканот е најдобар.
Таму сум навикната, но и сите ми се таму – изјавила за Гранд, иако не сакала да ги открие причините за преселбата во друга земја.
Затоа многумина беа загрижени дека Груевска ќе се збогува со микрофонот, но како што тврди тоа никогаш нема да се случи бидејќи музиката е нејзината најголема љубов покрај нејзините најблиски.
– Снимам две песни кои се надевам дека ќе успеам да ги завршам и да ги објавам до почетокот на летото.
Нетрпелива сум публиката да слушне, но од друга страна сакам се да подготвам темелно како и секогаш. Во секој случај, ако нешто се промени во меѓувреме, веднаш ќе ве известам – се пошегува Марија, а ние решивме да ја насмееме и прашавме дали нешто се променило откако е во брак.
-Не, уште не!- одговорила пејачката со насмевка. Да потсетиме, Марија Груевска пред да донесе одлука да ја напушти Македонија го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Синиша и приреди гала свадбена прослава која траеше неверојатни седумдесет и два часа.
– Генерално, најголем впечаток ми оставија колегите и пријателите, без кои прославата немаше да биде толку совршена, но и самата свадбена декорација, бидејќи се беше на отворено и во природа.
Немавме ограничувања, славевме до сабајле. Почнавме во петокот, дремевме малку и продолживме до недела – изјави Марија во таа прилика за Гранд.