Машала: Познато колку милиони евра му одзема државата на Сашо Мијалков и си префарли

Како што е познато Сашо Мијалков по година ипол од изречената осум годишна казна за твор, доби ослободување за случајот „Трезор“.

Скопска Апелација, го врати предметот на повторно судење. Сметаат дека има суштествени повреди. Одлуката нема да биде јавно достапна, велат од судот, додавајќи дека тоа е пракса.

Од друга стра пак на 17 ноември Агенција за управување со одземен имот на Министерството за финансии во буџетот му префрлила 374.638.383 денари, или 6,14 милиони евра.

Агенцијата за конфискација за прв пат во историјата откако е основана префрла во буџетот вака голема сума на пари.

Досега, запленетиот имот главно се состоел во автомобили кои понатаму се распределувале на државните органи, или пак се одземале недвижнини со комплицирана понатамошната постапка за продажба по судски пат.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, за „Фактор“ изјави дека овие пари се одземени од поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков и понатаму со нив ќе располага државата.

– Тоа е „сува“ пара од случаите со Сашо Мијалков и најдобриот резултат досега на агенцијата, не само јас откако сум директор, туку воопшто откако е основана.

Можам да најавам само дека и во наредниот период ќе следуваат огласи на кои ќе биде објавуван одземен имот за продажба по претходна проценка на неговата вредност од Бирото за судски вештачења и дека очекувам нови приливи на финансиски средства, ни одговори Асани.