(ВИДЕО) Го нарече Кончита Вурст, па Бугарин му се пушти на Апасиев – протече снимка од клучниот момент

Лидерот на левица Димитар Апасиев како што најави и направи, денес отпатува во соседна Бугарија.

На денешното отворање на македонскиот културен клуб, претседателот на Левица – Димитар Апасиев беше физички на паднат од бугарски уфрлен шовинист!

Провокаторот за време на целиот настан беше уфрлен во групата од Македонија, со дозвола од бугарската полиција, при што носеше звучник од кој се слушаа бугарски фаш истички маршеви, за потоа да се истакнуваат и фашист ички симболи.

Кога присутните му ја исклучија музиката, провокаторот физички го на падна претседателот на Левица, Димитар Апасиев!

Од видеото кое го добивме после физичкиот на пад, може да се види како бугарската полиција воопшто не реагира, додека Македонците не почнаа сами да го бркаат од групата и да скандираат ,,Македонија”.

На денешното отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, на кое сра мно одбија да присуствуваат премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски, беше присутна делегација на Левица предводена од претседателот Димитар Апасиев и пратеникот Борислав Крмов.

Претседателот Апасиев од Благоевград порача дека за разлика од фаш истичките клубови што се отвораат во Македонија, ова е име на анти-фа шист и на комунист и од тој идеолошки аспект Левица дава целосна поддршка на ваквите клубови!

Од снимката се гледа како го нарекуваат Кончита Вурст и потоа му се нафрла на Апасиев.