Сашо Тасевски: За леб да немам, не би извадил бугарски пасош

Сашо Тасевски е познат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, стендап комичар, писател и колумнист кој се огласи на Фејсбук и напиша:

Да имам некој да ме викне да пакувам сардини кај него у фабрика отаде Исланд, на Гренланд или у Финска, у факинг Лапонија, ама со наш пасош, одма ја напуштам земјава.Одма.

Само да не ме уцени, можеш да работиш ама со пасош од ЕУ.Оти бугарски не вадам ни мртов. А бе за леб да немам, не би извадил бугарски пасош.

Одма си одам зашто не можам веќе да го гледам ова што се случува со нас. Ми треба нетоксична средина. Овде е се затруено.Мигранти станавме во сопствената земја.

Не е убаво ова што ќе го кажам. Не пропуштам можност на децата да им кажам да си ја гледаат иднината далеку од овде. Само тоа да им биде во главата.

Да се евакуираат што побрзо од овде. Оти јас не можам да им купам станови во Осло, Рејкјавик во Берлин или во Ла Валета.Сами да се снаоѓаат ама уџум.

Да не мора овој срам да го осетат. Да бидеш туѓинец на тлото на кое си се родил.Нема пострашно.И нема посрамно за таа земја и за сите нас кои дозволивме тоа да се случи.Да ви еам мајката предавничка. Ја немате таа фантазија да замислите шо би ви правел да сум власт, после вас.