Визер со вест која и тоа како ќе ги израдува Македонците, како оние во државата, така и во дијаспорта

„Визер“ планира да додаде шести авион во својата база во Скопје од мај следната година и како резултат на тоа ги зголеми планираните фреквенции на голем број линии од македонскиот главен град.

Развојот е, исто така, јасен знак дека авиокомпанијата планира да учествува на претстојниот јавен повик, што ќе го објави македонската влада, со цел субвенционирање на започнување на нови линии од земјата помеѓу 2023 и 2025 година.

Визер ги освои сите три претходни такви тендери. Буџетскиот авиопревозник, кој досега превезе над милион патници на своите операции во Скопје и Охрид, од мај следната година планира да ги зголеми фреквенциите до Баден Баден, Берлин, Братислава, Шарлроа, Дортмунд, Хамбург, Меминген и Стокхолм Скавста.

„Виз ер“ ги одржуваше операциите од Скопје изминатава летна сезона со пет авиони.

Се вели дека Визер размислува за нови услуги од Скопје до Словенија, Прага, како и за обновување на некои линии кои беа прекинати од авиопревозникот од македонскиот главен град во последните неколку години, како Барселона.

Се очекуваат и нови услуги од Охрид доколку победи на претстојниот тендер за субвенционирање. Од друга страна, македонската влада соопшти дека е изготвен нов модел на субвенционирање, кој се разликува од оние во минатото, со цел да се привлечат што повеќе нови авиокомпании. Претходно, ниту еден друг превозник не покажа интерес за шемата за субвенции освен Визер.