Визар направи претунбација на летовите од Скопје до Италија: Оваа голема промена мора да ја знаете

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија Визер ќе ги промени аеродромите за пристигнување во Италија за двете линии од Меѓународниот аеродром Скопје

Наместо да слета на аеродромот Фиумичино од главниот град на Македонија со лет за Рим од 1 април, унгарскиот авиопревозник ќе слета на аеродромот Чампино соопшти Екс Ју Авијација.

Визер ќе има летови за Рим четири пати неделно, исто како и минатата година. Сепак, тоа е еден лет помалку од петте неделни ротации што авиокомпанијата првично ги планираше за летната сезона во 2024 година.

На 30 март компанијата ќе ги заврши летовите од Скопје до аеродромот Марко Поло во Венеција, пренесувајќи ги своите два неделни лета до аеродромот во Тревизо.