Вуле откри како е навистина да се живее во Германија: Сподели колку пари заработува и троши

Сите се прашуаат едно прашање -Колку заработува и троши едно семејство кое со години живее во Германија? Како се снаоѓаат иселениците таму, ако се работи за четиричлено семејство, каде што работат и двајцата родители?

Одговори на овие прашања на својот канал „Вулетова сваштара“ даде Србинот Вуле Во своето последно видео, насловено „Плати и месечни трошоци на четиричлено семејство во Германија“, тој направи детална листа на приходите и расходите на просечното домаќинство.

-Ако мажот и жената работат, заработуваат 4.500 евра месечно. Зедов просек, секако има брачни парови кои заработуваат повеќе.

Ако се на повисоко место, во јака компанија, како што е Бош и слични, па потоа работат ноќни смени тогаш имаат 5.500 евраа.

Но, има и такви што заработуваат помалку, така што ова е добар просек – вели Вуле и напоменува дека оваа плата е за помалку квалификувани луѓе, кои имаат занает и работат во индустријата, а од кои има најмногу, а тој не вклучи инженери и, на пример, ИТ експерти.

Детскиот додаток за две деца е 440 евра, објаснува Вуле, така што приходите на просечното домаќинство се вкупно 4.940 евра.

Што се однесува до трошоците, киријата за четирисобен стан е 1.200 евра, комуналиите се најмалку 250 евра месечно. Струја се плаќа посебно, 150 евра месечно.

– За храна ни требаат 1000 евра месечно, верувајте под тоа не може да оди. Во денешно време, особено кога цените скокнаа за 50 проценти – објаснува Вуле.

Потоа, 50 евра месечно плаќате за телевизија, интернет и телефон, додека претплатата за мобилен телефон е 100 евра.

Истата сума треба да се одвои и за автомобилско осигурување кое во Германија се плаќа по 50 евра месечно. Затоа, Вуле смета дека секое семејство во Германија има по два автомобили.

Очигледно, автомобилот е многу скап за одржување во Германија. Како што објаснува Вуле, за него треба да се одвојат уште 500 евра месечно, бидејќи бил земен на кредит.

Кога автомобилот ќе застари, се купува нов и подобар, па тој трошок се префрла. Дури и децата кои се полнолетни треба да купат возило, па кога се‘ ќе се собере се доаѓа до споменатата сума.