Доцна вечерва пристигна информација: Познатиот македонски бизнисмен и политичар ќе ги подмири трошоците за враќање на младиот Мартин од Малта

Македонската јавност во текот на денот се крена на нози и се организираше за да помогне на семејството на младото момче од кочанско кое пред два дена се упокои во Малта.

Вечерва пристигна информација дека почесниот конзулат на Малта во Македонија, по добиени информации од медиумите за не среќа на млад Македонец на Малта, стапи во контакт со семејството на Мартин Костов.

Семејството беше информирано дека почесниот конзулат ќе обезбеди се што е потребно во постапката за враќање на телото во татковината.

Конзулатот, во соработка со надлежните дипломатски претставници во Валета, ќе пружи итна и целосна поддршка за реализирање на процедурите кои се задолжителни во меѓународни рамки за вакви трагични случаи.

Почесниот конзул, проф. д-р Кочо Анѓушев во телефонски разговор со семејството, во овие моменти на неизмерна таг а, изрази длабоко сочуство за ненадоместливата загуба и најави дека покрај асистенцијата на Конзулатот, тој лично ќе пружи финансиска помош за семејството.