Повеќе нема дилеми: Пендаровски лично кажа колкава му е месечната плата

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изјави дека промената на Уставот со цел внесување на Бугарите во него, не е страшно и оти нема да ја дестабилизира државава, но како што кажа, според неговите информации ,го нема потребното мнозинство во Собранието за тие измени да се направат.

-Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно, и дека ќе ја дестабилизира Македонија. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме, рече Пендаровски во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Според Пендаровски, од информациите достапни во јавноста, како што вели, во овој момент максимум во сите комбинации 74 пратеници би гласале, било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот.

-Недостасуваат шест пратеници. Од ова што е остатокот од овие 74 до 120 не знам еден единствен кој вели – „се мислам можеби ќе гласам“. Не сум чул. Значи фактичката состојба е таа. Дали се разговара, да. Дали Владата треба да разговара со сите пратеници, одговорот е да, вели Пендаровски.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 Анализа кажа дека неговата плата е 93 000 денари со 32 години стаж.

Се осврна на високите плати во М-НАВ по скандалот со аферата „Паразити“, објавена од ВМРО-ДПМЕ, според која извршните директори на Контролата за летање Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно околу 266.000 денари.

– Данскиот амбасадор се интересираше за писмото на М-НАВ до нив и која е позадината на тоа, народски кажано Како баш овие ги одбравте.

И јас морав да прашувам и не ми се веруваше дека ова е можно. Апсолутно ми е јасно дека ако нема злоупотреби, тука нема дискусија, рече Пендаровски.