Незапамтено: Четири лица се удавија во Грција во еден ден

Четири трагедии ја потресоа Грција за помалку од 24 часа. Според локалните медиуми, четири удавени лица биле извлечени од водата за само еден ден.

На подрачјето на Солун, кај Скала Периа, утрово од водата е извлечена жена во несвест (73). На местото на настанот брзо пристигнала брза помош која ја пренела во болница, но и покрај напорите на лекарите не можела да се спаси.

Малку подоцна беше пријавено дека безживотно тело на жена (67) било пронајдено во водата на плажата Агиос Георгиос Лихада на Евија. И таа со возило на Брза помош била пренесена во болница, каде лекарите само констатирале смрт.

Спасувачите потоа извлекле тело на маж (74) од водата на Касандра на Халкидики. Тој, исто така, беше констатирана смрт при пристигнувањето во болница.

Во попладневните часови од плажата Камариу било извлечено тело на маж (81), кој исто така во болница била констатирана смрт.

Во сите четири случаи е наредена обдукција.Да потсетиме, грчките власти најавија тропски бран до недела, со температури до 45 степени.

Тие апелираа до постарите да не излегуваат со климатизирани простории и посебен апел упатија до родителите со мали деца.