Утрово дpaмa на нашето небо со еден од македонските „Ер-тракторите“

Од Центарот за управување со кри зи утрово пристигна уште една информација која што ја сподели со јавноста:

Од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем.

По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен ,,ер-трактор” кој јавувал грешка во системот.

Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми. Истата информација е потврдена и од Контрола на летање.