Драгомир, избодениот навивач на Левски во Скопје за првпат проговори за медиумите: Еве што порачал

Само екипата на ВТВ во Скопје се сретна со избодениот навивач на Левски. 29-годишниот Драгомир закрепнува по операција и се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Свети Наум Охридски“.

Бугаринот има модринки по главата и лицето. Очигледно овие повреди се од тепање. Мажот е опериран во пределот на црниот дроб и моментално е на следење.

Тој за БТВ изјави дека се уште е во шок од тоа што се случило. Тој сподели дека им е благодарен на лекарите кои му го спасиле животот.

Избодениот не сакал да се снима на камера бидејќи неговата здравствена состојба е сериозна.

Лекарите кои го згрижуваат Драгомир рекле на бугарските медиуми дека не е препорачливо тој да биде транспортиран во болница во Софија, додека не се подобри неговата состојба.

Очевидци од болницата за БТВ изјавија дека приврзаникот на „сините“ во болница во критична состојба го донеле негови пријатели.