Учителката Габи од Скопје со сведоштво од кое солзи наидуваат: Сцената со детенцето кое јаде сув леб

Габи Георгиевска Стефановска на својот фејсбук профил сподели објава која привлече големо внимание во јавноста, а во истата се вели:

17.11.2022, дата која ќе ја паметам цел живот Голем одмор. Учениците јадат, си разговараат, се смеат наеднаш еден ученик извикува ,,Наставничке види го “.

Одам до масата на ученикот, здогледувам како детето загризува сув леб, со самиот загриз лебчето се рони, одвај го голта од што е суво.

Оф Господе, немам ни чашка да му наполнам водичка. Со трчање одам до кафематот му земам чајче. Му го подавам чајчето и му велам повели

Почнува да се крие и да му се ронат солзи низ тоа невино лице и од срам не го прифаќа. Му давам задолжение да излезе од училницата.

Седнуваме на парното и му велам ,,Ќе ти се налутам ако не го прифатиш чајчето, ајде живели” .Во моментот милион емоции ме облија, душата ме бо ли, срцето ми се ск рши.

Зошто, зошто децата немаат бесплатна храна во училиште, зошто децата да бидат гладни, зошто дозволуваме да има вакви ситуации?

Знаеме дека многу родители едвај го поминуваат месецот, но жалосно е што има вакви сутации, каде што барем храната за учениците во училиштата не е обезбедена од страна на државата. Бо лно, многу б олно.

Да ги согледаме овие болни ситуации и во рамки на нашите можности да помогнеме колку можеме!

Да ги научиме нашите деца дека сите сме исти на оваа планета, без разлика на националност, боја на кожа, финансиски средства..