(ФОТО) Кумановските градоначалник е домаќин човек: Максо се фати за бркалката и му налегна на гравот

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски секогаш знае да биде актуелен и привлечен за јавноста, дали на професионален или на приватен план.

Популарниот Максо на оваа функција е од 2017 година и во моментов го извршува својот втор мандат, но за разлика од првиот кога беше од СДСМ, сега е независен.

Максим основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово“.

Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.

Во едно неодамшено интервју Максим зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката.

Популарниот Максо вчера беше помеѓу своите сограѓани и можевме да го видиме како готив, но и игра оро.

Под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, во ресторанот “Грација” се одржа гастрономска манифестација, ден на гравот – “Граше брате наше”, во организација на здруженијата: Здружение на пензионери “Куманово”, Здружение на дијабетичари “Куманово” и Здружение “Еко гард”.

Гастрономското искуство беше збогатено со културно – забавна програма, со настап на КУД “Ѓоко Симоновски” од здружение на пензионери “Куманово”, КУД ”Срма” – Куманово и други локални артисти.

Особено задоволство ми претставува што настанот беше посетен од гости од цела Македонија и пошироко, кои имаа можност да уживаат во фолклорните настапи и во дегустација на вкусна домашна храна препознатлива за нашиве простори.