(ФОТО) Некогаш македонска Министерка, а сега одгледува компири – се пофали колку извади

Своевремено важеше за една од најистакнатите македонски политичарки и една од водечките Министерки во Владата на веќе екс премиерот Зоран Заев.

Свовеврмено беше и пратеничка како и член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, како и Потпретседател на Собранието, но одеднаш се повлече од активната политичка сцена.

Станува збор за поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија и воедно професор Фросина Ременски.

Таа последниве години се посвети на домаќинските работи и најголем дел поминува или на нива или во кујна, едноставно си ја бидува.

Овојпат таа на својот профил пред неколку дена се пофали со нова успешна земјоделска работа за која што кажа:

Нема поубаво кога трудот и љубовта кон најдарежливата (земјата) ќе вродат со плод и ќе дадат род; кога ќе си извадиш тазе органски компир од бавчата фоф гората и ќе си го подготвиш веднаш

Го засадивме на 24 мај, а денес полна гајба жолт, шеќерен компир од само 4 легла, Догодина пак