Лена за голготата на клинички со мајка си: Живи сме, фала му господе

Лена Скопски на својот фејсбук профил сподели статус во кој вели:

МИНИСТРЕ ЖИВИ СМЕ !!! Фала на Господ.Се надевам многу ви беше гајле,неважно,вие да сте наспан,здрав и жив. А на клиника ?! Се е во ред,посебно кога ќе најавите дека ќе одите.

Продолжение од претходниот ден !!!
Синоќа ја однесовме мајка ми на УРГЕНТЕН ЦЕНТАР. Е таму луѓе мои штом влезете,напијте се задолжително медикамент за смирување. Ургентен центар не биле должни да згрижуваат вакви пациенти,туку само пациенти за хируршки зафати,повреди при сообраќајки и сл. Стоиме во чекална…. Двајца доктори не ја погледнуваат жената која седи во инвалидска количка,туку процедурално прашуваат што е проблемот. По кратко време : А нееее…

Не е за тука. Одете на ТОКСИКОЛОГИЈА да ја види интернист, па ако не е за таму одете на КАРДИОЛОГИЈА, видете што ќе ви кажат , па на НЕФРОЛОГИЈА во краен случај. Самоуверен одговор. Па кога ќе завршите таму, дојдете да и ја преврземе ногата.

Одиме на ТОКСИКОЛОГИЈА. ААААА не е за тука. Што ве праќаат тука,ние две ипол години не работиме со нив.Тензично …. Се враќаме на ургентен. Врне,пациентот во количка , ја носиме сами од ургентен до токсико и назад. Смрзнавме и ние и таа кутрата.

Повторно на УХЦ Дигам глас и почнувам да се дерам,буквално да се дерам и ги прашувам зошто си играат пинг-понг со недолжни луѓе ? Дали и што ви згрешивме за вакво иживување со нас и слични како нас ? Пациентката со модра нога ,црвенило од глава до пети која личи на изгореница,со пареза на десна страна како последица од мозочен,врне,да се шетаме наваму натаму колку вие да се оградите од одговорност ??? Дајте ми извештај дека сме биле тука и пишете каде не упатувате.. Вака усно,не мрдам од тука. Се изненадија од бунтовноста и почнаа да ја смируваат топката. Јас молчам и чекам само следен чекор,спремна на сѐ.

Одиме повторно од Ургентен до Кардиологија. Вее снег,ладно,после полноќ , со инвалидска количка… Хумано ли е ова ??? Мајка Тереза се превртува во гроб што и го извалкале името ..
Стигнавме на Кардиологија и таму уредно и бргу беше извршен преглед. ..Докторката ни соопшти дека можно е денес да заврши на дијализа. Доживеав шок…. Небитно. Жива сум. Не упатија на нефрологија. Патот од КАРДИОЛОГИЈА ДО НЕФРОЛОГИЈА со непокретна крупна жена , во инвалидска количка е долг и тежок. Временските услови не беа на наша страна. Веќе беше околу 04 часот пред зори.

Не дочекува културен доктор кој беше шокиран од глетката. Наврнати,смрзнати чиниш бездомници,неважно и тие се луѓе.

Ја зема пациентката како своја мајка.Таков културен ,хуман и добронамерен лик одамна немам сретнато во јавното здравство. Човекот долго размислуваше и рече дека не дозволува вечерва да ја земеме и повторно да ја малтретираме по ходници. Нека се одмори ноќва тука,нека преноќи,ќе уклучиме терапија ,па утре ќе дојдете да ја земете и ќе се договориме што понатаму.
Утрово одиме по мајка ми. Дежурниот доктор беше заминат,но имаше друга фина личност која полека и културно ни ја објасни состојбата и можностите во нивна надлежност. Заврши со неизбежната реченица : не е за тука, треба да ја видат дерматолзи и да дадат совет и терапија.

Ја земаме мајка ми и одиме долу на дерматолог. Таму ги гледаат резултатите од клиничка биохемија и реагираат со дигање раменици за високите параметри од крвта,но не се во можност да ја задржат до утре,туку утре повторно наутро да се однесе таму и да се направат потребни анализи. Нели зошто да биде просто,кога мора да биде комплицирано ?
Си тргнавме по патот измалтретирани , чинам воз ме прегазил. Ама живи сме, добро е.

Чувајте се луѓе ,верувајте дека ни на душман ако постои таков, не би му посакала да стапне во тие ходници , освен ако оди за себерекламирање со розевите очила како досегашните министри за здравство.