Чомбе до Ленин: Вадете си очи, а овој му врати – избегаа работиве од контрола

Без решение и по остварената средба во ЈСП, помеѓу претставници на приватниот превоз и Управниот одбор на ЈСП велат од претставниците од приватниот превоз. Додаваат дека не присуствувал никој одговорен и вработен од ЈСП.

Блокадата утрово започна во 7 часот. Претставниците од приватниот превоз со 30 автобуси го блокираа сообраќајот кај крстосницата кај Мавровка-поради неисплатениот долг од над 61 милион денари од ЈСП Скопје кон нив.

Блокадата ги па рализираше улиците на Скопје и тоа во текот на целиот ден. Возачите нервозни, граѓаните кои чекаа автобус попусто се надеваа дека ќе стаса.

Велат, распоредот на возниот ред и она што е на мобилната апликација е поразлично од реалноста, на автобуските постојки истакнуваат дека чекат и до час и половина.

За целата ситуација се огласи некогашниот директор за Золошката градина во Скопје, Ѓорги Галетановски-Чомбе, инаку познат менаџер.

Ленин има луѓе што не гласаа за данела,така да вашиве раскинувања не е коректно да ги трпат сите.

Не ма лтретирајте народ земи автобусите паркирај и ги пред град скопје пред барака и вадете си очи ,нека си оди испратете се ко што ве личи

На ова Ленин Јовановски, не му остана должен и му реплицираше – Во право си, ама избегаа работиве од контрола.