(ВИДЕО) Драма во Битола: Фудбалер на Беса итно со возило на Брза Помош пренесен во болница

Во моментов во Битола се игра големото дерби во Втората лига помеѓу домаќинот Пелистер и Беса, двете водечки екипи на табелата.

Се играше 10. минута кога Ариф Фатмир од Беса имаше дуел со еден играч на Пелистер по кој судијата досуди прекршок. Враќајќи се наназад тој падна и мораше да му биде укажана лекарска помош.

Фудбалерот беше свесен, се обиде да стане, но повторно се струполи. Веднаш дотрча и медицинскиот тим на Пелистер, како и дежурниот доктор.

Па веднаш беше одлучен во амбулантно возило да се однесе во болница. Дополнително ќе биде познато за што точно се работи. Инаку натпреварот продолжи.