(ВИДЕО) Крај на потрагата: Пронајдено беживотното тело на 29 годишното удавено момче кај Глажња

По неколкудневната интензина потрага од МВР, АРМ и ДЗС денес е извлечено телото на удавеното момче.

Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена.

Директорот Ангелов потврди дека телото е најдено и извлечено, некаде во 15 часот, а тоа го потврди и со видео изјава додека телото на момчето се уште беше во водите во близина на самиот брег.

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро.