(ВИДЕО) Баба Марија од виничко и покрај загубата на синот и борбата со ракот херојски се носи во животот

Марија Јованова од виничкото село Блатец е херој на ова време. Својата животна приказна таа ја испишува на најтежок начин и по сценарио кое никој не би го посакал на никого. Но, Марија се бори, оди напред и не застанува во ниту еден момент. Се среќаваме со невиден дух, сила и оптимизам кои се немерливи.

Која е 61 годишната Марија Јованова од Блатец? За разика од многумина, Марија животот го сфаќа поинаку. За неа се е работа и многу работа.

Иако било работа на сите страни, за Марија тоа било песна во животот. Се до 2007 година кога за прв пат ќе се соочи со рак.

Сепак, најголемиот удар во животот и доага пред 5 години со ненадејната смрт на тгоаш 38 годишниот син.

Како Марија ја надживува големата болка и големиот проблем?

Но Марија освен болки, има и голема среќа. Покрај огромната поддршка од сопругот Младен, таа е горда баба на 6 внуци.

„Имам осум операции зад мене, но се уште се борам храбро. Имав канцер прво на града во 2007 година.