Ако случајно сте го купиле немојте никако да го пиете ова млеко, веднаш вратете го – итно се повлекува од продажба

Попладнево од Агенцијата за храна и ветеринарство излегоа со итно соопштение во јавноста за повлекување на производ.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ – УХТ млеко МИЗО 2,8% мм поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите ( не е загрозена безбедноста на производот), односно поради утврдено присуство на растителни масти.

Се повлекува млекото со рок на употреба до 20 јуни 2023 година, со потекло од Млекара Лесковац, Република Србија, а го увезува и дистрибуира Бадев ДООЕЛ Кавадарци, соопштија од АХВ.

„Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, велат оттаму.