Александар од Штип веќе 15-та година по ред на шест семејства донира пакети за Божиќ

Веќе 15. година по ред традиционално штипјанецот Александар Трајковски донираше пакети со храна за шест штиски семејства, три македонски и три ромски.

Со храна за подготовка на бадникова и божиќна трпеза овозможува скромен дочек на празниците и на оние кои ја немаат таа можност.

Ваквата донација започнала откако по чинала сопругата на Трајковски, а секоја година донира по 6000 денари за подготовка на пакетите.

„Пред 15 години си по чина мојата сопруга и во таа чест јас одлучив да донирам донација. Затоа што кога отидов на нејзиниот вечен дом однесов раздавулки.

Кога гледам непосредно една дотерана госпоѓа од една страна го земе раздавокота, храна, а од друга фрла во корпата за отпад. Видов дека нема фајда од тоа и решив да донирам на луѓе на кои им е навистина потребно.

Пакетите кои ги давам содржат брашно, шеќер, сол, зејтин, кори, риба, месо и слично. Колку да имаат за бадниковата вечер и првиот ден од Божиќ“ – вели Трајковски.

Екипите од Црвен Крст Штип во ваквата акција се вклучени, односно согласно нивната листа на корисници е познато кое семејство има најголема потреба од вакви пакети со цел скромно да се поминат божиќните празници.

„Традиционално секоја година нашиот сограѓанин Александар Трајковкски овозможува достојна трпеза за шест штипски семејства. Донацијата се состои од намирници за да се направат традиционални јадења за бадникова вечера и божиќниот ручек.“ – додава Димитровска.

Истовремено, вчера се поделени бадникови пакети на семејства во десет штипски села од Црвен крст Штип. Пакетите се состојат од колачиња и зелник за утрешниот празник.