Александар, таткото на Вања пред судот јавно се огласи за својата ќерка – еве што кажа

Како и што беше најавено, таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор.

Во судот се појави и неговото семејство – мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата се бараше Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.

Во своето излагање пред судот осомничениот Александар меѓу другото кажа:

„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски, а прнесува Скопје1