Александар, таткото на Вања сака да излезе од затвор – неговиот адвокат кажа и зошто

Куќен притвор бара одбраната на таткото на Вања Ѓорчевска, Александар кој е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка. Судија на претходна постапка пред неколку дена на барање на обвинителството му го продолжи притворот за 30 дена, како и на останатите осомничени во случајот Велибор Маневски, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски.

Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ вели дека свесен е оти постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.

„Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќерн притовр ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено до оваа трагедија, вели Туфегџиќ

МВР и обвинителството врз основа на исказите на осомничените, соопштија дека првоосмничениот за убиството на Вања, Љупчо Палевски Палчо им кажал дека Ѓорчевски му ги дал информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама. Ѓорчевски за време на распитот негираше било каква инволвираност.

Посебниот предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, следи по објавата на контроверзниот политичар Срѓан Ного, кој објави видео и аудио снимки и тврди дека Ѓорчевски е неправедно осомничен и дека тој го решил случајот со грабнувањето на неговата ќерка, а не полицијата.