Бојана Скендеровски: Нашите амбиции ги мешаат брзините – сакаме нашите деца да се најдобри во се, треба сами да го најдат патот

Музичката кариерата ја започна како Бојана Атанасовска како што јавноста ја препознаваме, но откако се омажи го промени името во Скендеровски.

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј – потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил “Живеј со прашањето”, со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст).

Како што е познато покрај музичката таа започна и водителска кариера каде што исто така е успешна. Ужива во бракот со сопругот Васко со кого ги има ќерката Искра и синот Ѓорѓи.

Бојана во последно време станува се попозната по обработките на македонски народни песни кои предизвикаа големо воодушевување кај македонската публика.

Пејачката беше дел од емисијата Мастраф Муабет каде ги испеа нејзините најпознати песни, но и зборуваше малку повеќе на теми од секојдневието, па се осврна на музиката и на воспитувањето на децата.

„Многу е лошо, јас знам барем на почетокот тоа сум го почувствувала, да некого стискате да го ставите под притисок тој ќе функционира обратно пропорционално.

Ние родителите понекогаш ги мешаме брзините и честопати сега кога имаме со пријателките деца па зборуваме ќе го запишеме на ова на ваква активност, на пет јазици.

Не, нашите амбиции понекогаш ги мешаат брзините и нашите желби треба да сфатиме дека тоа мало човече има свои желби и карактер.

Не се нашите деца најпаметните, најталентираните, тие самите треба да си го најдат патот, ние младите родители сакаме нашите деца да се најдобри во се да се најуспешни. Децата треба да си го најдат сами патот“, објаснува Скендеровски.

После можеби двеипол години откако олабавија мерките, како и сите други пејачи и Скендеровска се врати на живите настапи пред публика.

„Тоа е тоа што ми фалеше долго време. Ние всушност живееме во Македонија каде што народот си го сака македонското, фолклорот она што си е убаво на веселба да го слушнеш. Не можеме да глумиме Њујорк ние сме во Македонија“, додава пејачката.