Јовица од Штип кој немаше дрва за огрев, сака сега да возврати за добрината: Кани за Бадник кај него дома сиромашни сограѓани

Штипјанецот Јовица Ристов на кој дрва за огрев му обезбедија хумани луѓе, на добрината сака да возврати со добрина.

Јовица ги кани сите оние сиромашни како него, кои не можат да си дозволат топол дом, да дојдат кај него.

„Ги поканувам на Бадник сите кај мене да се здружиме, да го пречакме Бадник и да бидеме среќни и весели и да немаме таги еден према друг“, вели овој човек и додава:

„Благодарен сум за дрвата кои што ги добив, преблагодарен сум за огревот што ми се обезеди, немам зборови“.

Јовица на пошироката јавнст во еден момент и стана познат откако од хумани луѓе побара само 2 кубика дрва за да се стопли во зимата.

За сосема кратко време од сите страни на државата се покажа голем интерес за неговиот проблем, а дрвата во дворот на Јовица од страна на штипјани стигнаа за само два часа.

Инаку Јовица е лице со траен инвалидитет кој досега поднел неколку тешки операции.