Д-р Лазаров: Нели бе пари немате, а жив чоек нема по Скопје, све по одмори отидено

Пеколни горештини ја зафатија Македонија, па така многумина се обидуваат на најразличен начин да се спасат од нив.

Воедно со оглед дека сме месец јули, многумина ги користат годишните одмори, а тоа значи воглавно заминување на море или езеро, но и планина.

Па така може да се забележи дека периодов нашиот главен град Скопје „дише послободно“, односно ги нема вообичаените гужви на улиците, но воопшто и раздвиженост.

Ова го констатираше и познатиот доктор Ненад Лазаров кој на својот фејсбук профил напиша:

Нели бе пари немате, немало работа, немало живот, а жив чоек нема по Скопје све по одмори отидено…