Се огласи професорот Сашко од Лозово чии голи фотографии се појавија во јавноста – еве како се брани

Профилот и телефонот ми се хакирани, а моите слики во јавноста се појавија без моја согласност и било каква лоша намера, изјави професорот по Физичко воспитување Сашко Димов, вработен во ООУ Методија Митевски Брицо во Лозово, пренесува ТВ Стар.

Од друга страна, родителите на деца во ова училиште се крајно вознемирени, револтирани, а некој и на работ од воздржаност плашејќи се за менталниот и физичкиот интегритет на децата во училиштето.

По ова, велат тие за ТВ Стар, тој не смее да стапне ниту во училиштето, ниту во Лозово.

Овој пропфесор не смее повеќе да се појави не само во училиштето туку и во Лозово. Не го сакаме по ниту една цена, бидејќи крајно сме загрижени и револтирани. Зар има доблест да се појави повторно, велат родители.

Идентично размислуваат и реагираат и родители кои се во странство, а кои вчерашниот настан им донесе немир на илјадници километри далеку од нивните деца и семејства.

Го повикуваме градоначалникот, директорот и наставничкиот совет да ги превземат сите мерки и ова лице итно да биде отстрането од училиштето. Ние веќе се организираме и во понеделник ќе бидеме во училиштето, потенцираат други родители.