(ВИДЕО) Телма на местото на злосторството – за првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани.

За првпат Телма ТВ успеа да дојде до местото каде што беше Вања пронајдена закопана.

Телото било закопано на ридот кој е на иста воздушна линија со местото во атарот на селото Бразда каде е запален Цитроенот. Не се гледа нивата оттаму, но чадот тогаш бил видлив.

Видливо е и неодамнешното присуство на луѓе тука. Има свежи отпушоци од цигари, отпечатоци од кондури, а и отпадоци со рок на траење до 15 декември кои докажуваат дека група на луѓе била присутна на местото, преневуа Телма ТВ.