(ФОТО) Избегната нова страшна сообраќајна несреќа на македонски автобус – овојпат во Косово

Се уште не се зараснати раните и сеќавањата од страшните автобуски несреќи кај Ласкарци на Дурмо Турс и во Софија на Беса Транс кој однесоа многу човечки животи.

Една таква несреќа со фатални последици многу лесно можела да се случи синоќа во близина на Приштина, но за среќа до тоа не дошло.

Имено македонски автобус на релација Скопје – Црна Гора излетал од коловозот, но за среќа успеал да застане на ивица од провалија и со тоа било спречено да се преврате.

Исплашени патници на социјалните мрежи објавија фотографии од настанот, како и видеа на кои се гледа како со камион се извлекува автобусот и се враќа на коловозот.