Охриѓанка останалa и без 5000 евра и без работа во странство

Жжена од Охрид на 52-годишна возраст вчера пријавила во полиција дека едно лице ја измамило за сума од 5.000 евра.

Во септември 2023 година на веб страна таа забележала објава во која се нуди работа во странска земја и стапила во контакт со лицето, кое ветило работа во хотел и притоа ѝ ги побарало парите за уплата за работна дозвола, годишно осигурување, дополнително осигурување за подолг период, депозит за стан и слично.

Жената ги уплатила парите, по што стапила во контакт со хотелот и дознала дека нивната интернет страна била хакирана, по што сфатила дека е измамена.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. И претходно имало слични измами, кога граѓаните уплаќале пари за работа во странство и потоа сфаќале дека се извисени.