Познато како Палчо побегнал од Македонија – не бил сам

Првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешкиот фризер Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е во бегство заедно со уште едно лице.

-Пачо со неговиот адвокат со возило ја напуштиле Македонија и се упатиле за соедна Србија, поточно Белград. Од таму следниот ден заминале за Бугарија, а полицијата трага по него“, изјави Спасовски.

Притоа надлежните рекоа дека не можат да го откријат идентитетот на адвокатот поради истрагата.

Беше прашано и дали Палчо поседува бугарски пасош, на што обвинителот Бубевски кажа дека за оваа информација дополнително ќе информира.

За потсетување во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека Палчо е во Турција, информација која денес на пресот не беше кажана.