(ВИДЕО) Брутална тепачка во Македонска Каменица на трибините – летаа боксови, клоци и шамари помеѓу домаќините и охриѓани

Денес во рамки на редовното коло од Втората фудбалска лига силте ги одмерија Каменица САСА и Охрид.

Мечот игран во Македонска Каменица заврши со резултат од 1-1, а во самиот финиш на мечот дојде до инцидент на трибините.

Се судрија домашните навивачи, со гостите од Охрид, имаше физичка пресметка, летаа боксови, клоци, шамари, имаше и пиротехника.

Но она што може да се забележи од снимката на Мнет е отсуството на редарска служба, како и припадници на МВР кои доаѓаа по една минута и тоа полека, со раце во џеб.