На лице место: Познат македонски велосипедист се упокои откако го покоси Мазда

Од МВР за МИА информираа дека во 15:48 часот е пријавено дека на обиколница, после клучка Радишани во правец кон Тетово се случила сообраќајна не среќа

Во која возило „мазда“ со скопски регистерски таблички управувано од Р.Р. (63) удрило во двајца велосипедисти – А.Ш., кој по чинал на лице место и А.П., кој се здобил со повреди и со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ургентен центар „Мајка Тереза“.

Веста ја потврдија и од клубот Феникс и информираат дека момчето било нивен член.

Со длабока жалост ве известуваме дека денеска се случи тешка сообраќајна н есреќа во која автомобил удри двајца велосипедисти од Скопје, на обиколницата во Скопје (Радишани) кои се движеа од Тетово.

Во несреќата животот го загуби нашиот пријател и член на велосипедскиот клуб Феникс од Тетово, Арбр Шаќири.

Во име на клубот изразуваме најдлабоко сочувство до семејството и роднините.