(ВИДЕО) Стојан, еден од петте грнчари во Македонија изгуби се што имал – пожарот пеплосе се, моли за помош

Се што имал во четвртокот изгубил, во голем пожар изгоре грнчарската работилница на Стојан Трајковиќ од Табановце, еден од петте регистрирани грнчари во државата, а единствен во североисточниот регион.

Семејниот бизнис со традиција од 120 години, повеќе го нема. Изгоре работилницата, печките, машините и целиот репроматеријал за производство. Причините за пожарот не се познати, а причинета е голема материјална штета.

Трајановиќ направил модерна работилница по германски стандарди. Тука сега има само чад и пепел и полни очи со солзи на Стојан и неговиот 92 годишен татко, кои имале среќа да го преживеат пожарот бидејќи ги разбудила нивната сосетка, роднина, која ги видела пламените јазици.

Семејството е оставено само на минималната пензија на Србољуб Трајковиќ. Сега е време да помогнеме сите

„Пожарот изби во 2 часот по полноќ и се отиде. Штета според нашите проценки е околу 40.000 евра. Имавме порачка и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за денот на независноста. Имавме и дрва спремни за зима, 40 кубика но и тоа отиде како и машините. Ништо не успеавме да спасиме, изјави Стојан и додаде:

„Ништо не успеавме да спасиме. Имотот не беше осигуран. Средства што имав вложив во репро материјали, бои, глина, дрва, но се се стори. Очекуваме да помогнат институции, Општината, држава, може и материјали, не бараме пари за да можеме од пролет да можеме да стартуваме со работи“ изјави За Радио Бум.