Младите доктори Стојан и Андреј од Кочани останаа без работа – наместо тие, примиле послабо рангирани доктори на огласот

Објавениот конурс за вработување на шест доктори во Општата болница во Кочани заврши со неправилности.

Првите шестмина на ранг листата требаше да бидат примени, но заради непознати причини наместо трето и шесто рангираниот, се примаат седмо и осмо рангираните со помал просек и број на поени.

Стојан и Андреј се општи доктори, на ранг листата ги исполнуваат критериумите за да бидат примени на работа, но по одлука на директорот на нивно место се примаат кандидати кои не ги исполнуваат бараните условите.

„Конкурирав на огласот за доктор во ЈЗУ Општа болница Кочани каде бев со уредна документација и од страна на комисијата за селекција бев регуларно оценет по просек, поени од стручен испит и поени од англиски јазик и бев рангиран на ранг листата на трето место, а додека мојот колега Андреј Коцев беше рангиран на шесто место по истите критериуми.

Првите шест требаше да влезат, но директорот без основа иако се повикува на ранг листата ги прими кандидатките под реден број седум и осум, иако имаат помал просек и помалку поени.“ – вели Лазаров за Мнет тв.

„Директорот Александар Серафимов како што пишува во одлуката се повикува врз основа на ранг листата предложена од комисијата за селекција, без основа.

Спротивно од предложеното не трга нас трето и шесто рангираните, и без основа ги прима седмо и осмо рангираните кои имаат двоцифрен број на помали поени како и помал просек.

Ако директорот сам одлучил и ова е негова одлука која е потребата од просек, полагање и комисија.“ – кажа Коцев.

Лазаров вели директорот Серафимов не дал конкретен одговор зошто и по кој основ е донесена ваквата одлука. Младите доктори бараат средба со Министерот Беким Сали, како и постпка од второстепена комисија до која ќе биде доставена жалба.

„Неговиот став е потпишана одлуката за примање на кандидатките без основа седма и осма иако имаат помалку поени, не ни даде конкретен одговор зошто е таа одлука така донесена.“ – истакна Лазаров.

„Бараме средба со Министерот Беким Сали и бараме државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен до која ќе биде доставена жалба во текот на наредната недела“ – додава Коцев.

Директорот на кочанската болница со проширена дејност, Александар Серафимов денеска не одговараше на телефонските повици, идентично како и во претходните неколку месеци кога во болницата се случија низа инц иденти како кр ажба на амбуланто возило, тепчака меѓу вработени и слично.