Анета Наковска лично откри дали се развела од нејзиниот сопург, бизнисменот Спиро од САД

Се уште во јавноста е тазе разводот на Анета и Џими од Молика, а веќе се појавија гласини дека уште една наша позната фолкерка тргнала по истиот пат.

Станува збор за Анета Наковска кој изминатите години живее на реалација Македонија – САД.

Појаснува дека нејзиниот сопруг Спиро Крлевски, бизнисмен кој долги години живее и работи во Америка, останал таму, бидејќи за разлика од неа не го сакал многу топлото време.

А за гласините дека овде е без него, бидејќи се разведиле, вели дека воопшто не ја погодуваат, затоа што не било првпат да се плетат невистинити приказни за неа.

-И пред две години ме разведуваа, ми се јавија новинари да прашаат дали е вистина, и искрено, не се изненадив, не е првпат да слушам измислици за мене.

Кој што сака нека си зборува, најважно е што со нас е се во ред, што имаме исполнет живот и нашата љубов трае веќе осум години. Драго ми е што истовремено сум посветена и на кариерата, а новите материјали кои ги подготвувам треба да бидат во фокусот на јавноста, бидејќи се работи за вистинско освежување на нашата сцена – порача Наковска во интервју за Фокус.