Антониа Гиговска реши да се затвори и да се повлече: Којзнае колку ќе ми недостигате

Како што е познато Антониа Гиговска во период кога кариерата и е во најголем подем и има еден куп настапи, реши денес да откри една убава и радосна вест.

Имено пејачката на својот инстаграм профил неодамна објави среќна информација со низа фотки во која се вели:

Долго време молчеевмее а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.

Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Среќен ми ден, ааа и погодете која ќе стане мајка п.с Прстенот го бирал сам, уми рам од среќа… си славам роденден,бебче,прстен, сеееее. Што мислите, машко или женско, пишете во коментар (ние знаеме)

Среќникот кој доби сопруга а очекуваат и дете е музичарот од нејзиниот бенд, Роберт Спасенцовски , попознат како Џокер.

Драги мои сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и на она што доаѓа.

Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа пак ќе се затворам во студио и ќе работам на мои нови песни.

Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Којзнае колку ќе ми недостигате.

Наскоро ќе ја видите новата Антониа. Јас мислам ќе ви се допадне. Последните два настапи. Ве чекам и ве сакам.