Анче од Кочани: Денес кога ќе јадете, размислете дека има луѓе кои немаат ниту корка леб

Анче Иванов живее во Кочани. Потекнува од село Полаки. Многу млад почнал да работи, на своја 15 годишна возраст и бил вреден и принципиелен млад човек, се додека еден ден не остане прикован во кревет и започне да ссе бори со болести поврзани со нервниот систем.

Од своја 20 годишна возраст започнува да се бори со анксиозност и депресија, и започнува неговата редовна релација по болниците низ државата. Во Кочани живее под кирија без никаков приход, зашто не може да се врати во планинското село од каде што е роден зашто таму состојбата му е уште полоша.

Повеќе од една година не е во работен однос, па за да преживее му помагаат соседите кои му носат храна за да преживее. Најмногу го боли што не може да ги купи лекарствата.

А, и куќата во која живее под криија наскоро ќе биде срушена,а тој ќе остане на улица. Во моментов ми треба помош. Можеби за година две ќе оздравам, но ве молам ќе рече тој-помогнете ми денес да се снајдам со куќа, храна и средства за лекови, а кога ќе бидам здрав знам како да ја возвратам хуманоста-ќе заврши Анче.

Анче Иванов има само 45 години и за жал тежок живот уште од раѓање. Потекнува од планинско кочанско место кое на 15 годишна возраст го напушта за да може да се вработи во градот. И работи, не само во Кочани. Ја шета Македонија и се труди за да преживее. Радовиш, Виница, Берово се само мал дел од градовите во кои ја остава својата капка пот. За жал ќе рече тој, на 20 години поради натрупаните проблеми организмот не може да издржи и се здобива со анксиозност. Лежи по болници и успева да ја надмине, па се враќа во нормалниот живот, се додека на 31. Мај минатата година не почувствува повторно тегоби и страв и повторно залегнува во кревет.

-Многу тешко детство имав о селото каде сум роден. Далечно село кое не ми нудеше многу можности. Затоа уште на 15 години заминав на работа и работен стаж имам веќе долги години. Служев и војска и бев добар и коректен работник. Се што се бараше од мене исполнував. Пред 20 години за жал почувствувам дека не сум добро и тогаш за првпат дознав дека мора да се борам против анксиозност и депресија. Тешка беше тогаш кризата, но ја надминав. Повторно нормално функционирав се до лани, кога повторно ми се врати болеста и ме легна во кревет- ќе каже Анче за Срцен на дланка.

Последнава година животот на Анче е тежок. Соседите му помагаат со храна, во амбулантите и болниците го чекаат за да ги плати прегледот и терапијата, а татко му и брат му се симнуваат од планина за да дојдат да му запалат оган и сварат супа, зашто нема пари ниту струјата да ја плаќа. Затоа овој човеќ ќе рече: „Денес ако јадете, замислете дека има некој што нема ниту залче да стави во уста и смрзнува„, па сетете се да му помогнете на таков човек, Господ ќе ве награди –вели тој.

-Од лани не можам да издржам. Поради лекарствата морав да ја оставам работата. Бев поспан и не функционирав. Моите доаѓаа од планина да ми запалат огин и сварат супа. Соседите ми помагаат инаку не би преживеал.нема ни за струја, па живеам без неа. Од планина неко дрвце ако ми симнат моите ќе се стоплам ако не смрзнувам. Навистина ми е тешко и ве замолам, денес ако јадете помислете дека некој нема ниту залче да стави во уста-ќе заврши Анче.

Секој од нас сака да живее во свет во кој луѓето сеуште може да си веруваат една на други. Во свет во кој на улиците, домовите, работните места може да се слушне зборот извини. Во свет кога боли душата и срцето се кине на милијон парчиња ќе пристапат луѓе и ќе ни ја олесната болката. И, Анче го бара мелемот на неговата рана во моментов за да може да се исправи и врати како порано, нормално да функционира во општеството.

Доколку сакате да му помогнете на Анче Иванов тоа можете да го направите на неговата жиро сметка 290500021424804 или на неговиот телефонски број 075433465