Атиџе на големи маки – остана без социјално, а сега нема ниту пат да си отиде до домот

Целата македонска јавност се запозна со амбасадорката на медот Атиџе од Дурфулија која Оскаровскиот тепих го помина достоинствено. Сепак, не може да стаса до домот поради узурпиран и каллив пат.

Дел од соседите си присвоиле дел од патот па сега Атиџе мора да помине преку приватно земјиште на други соседи за да стигне дома.

– Мене ми е проблемот, значи три години сум тука јас кога дојдов немаше ни ограда, ништо, патот ми беше слободен. Сум прашала газдата имам ли пат за сред село, вика има, а сега нити коли може да дојдат, нити може да се чисти веќе два месеци така.

Јас кажав на градоначалникот – дојде виде и после отидов уште еднаш. Мене не ми треба имотот, мене ми треба пат. Што ќе ми е имотот ако немам пат до куќата? Досега зошто не заградиле туку сега баш кога дојдов?, вели Атиџе за ТВ 24.

Без социјална помош вели – единствено пчелите и медот нема да ја остават без леб. Денот ѝ почнува рано, уште во мугри, на нива, на тутун.

Социјалното еве осум месеци ми го скинаа – тие мислат којзна е што пари зимам. Ајдe тоа нема – нема, ќе се снајдам секогаш сум рекла пак ќе работам зашто се нервирам.Додека се пчелите и здравјето ќе го имам, ги нема ли пчелите и здравјето ќе ми отиде, додава Атиџе.

Мачен е животот на Атиџе, која и покрај сите животни предизвици со широка насмевка и големо срце има добар збор за секој добронамерник кој ќе дојде на нејзиниот праг. Целиот тв прилог може да го погледнете на Телевизија 24.